Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Авганистан загинаа најмалку 25 луѓе при лизгање на земјиште

 Најмалку 25 лица загинаа, а осум се повредени при лизгање на земјиште предизвикано од обилни снежни врнежи во село Накре, североисточниот дел на Авганистан, соопшти денеска Министерството за управување со катастрофи.

Се стравува дека бројот на жртвите може да е поголем бидејќи од 15 до 20 куќи се уништени или сериозно оштетени.

Спасувачките екипи бавно пристигнуваат поради обилните снежни врнежи, бидејќи еден од главните патишта што водат кон провинцијата Нуристан е блокиран.

Нуристан е провинција која се граничи со Пакистан, а поголемиот дел од неа е покриена со шуми и планината Хинду Куш. 

Зачлени се на нашиот е-билтен