Десетици граѓани денеска се собраа на протест организиран од Граѓанската група „Обединет народ на Србија“ пред зградата на Претседателството, кои своето незадоволство од надворешната и внатрешната политика на српскиот претседател Александар Вучиќ го изразија со свирежи и вувузели и натписи за „афери што ја одбележаа диктатурата“.
Како што изјави за агенцијата Бета организаторот на протестот, Срѓан Жуниќ, граѓаните ќе продолжат да се собираат секој ден од 10:00 часот во наредните денови, за да покажат дека „не се согласуваат со државниот врв и со нивните домашни и меѓународни политики“.
Според него, организаторите на протестот, освен што изразуваат незадоволство, „немаат никакви политички барања“.