Хамас соопшти дека во израелски напад во северниот дел од Појасот Газа починала една жена, израелска заложничка, која палестинските милитанти ја држеле во заложништво.
Портпаролот на Хамас рече дека „по повторното воспоставување контакт со борците на отпорот задолжени за заштита на израелските заложници, потврдено е дека израелска заложничка е убиена во област под силно израелско бомбардирање во северниот дел на Газа“, пренесува „Скај њуз“.
Портпаролот на Хамас додаде дека „животот на уште една заложничка е во опасност“.
Израелската армија се уште не ги коментираше овие наводи.