Во израелски напади во Појасот Газа, загинаа најмалку 11 лица

Израелската армија соопшти дека извршува напади врз локации на радикалната палестинска група Хамас.

Најмалку 11 лица загинаа во изминатите 24 часа во израелски бомбардирања во Појасот Газа, објави Цивилната одбрана на енклавата.

Израелската армија соопшти дека извршува напади врз локации на радикалната палестинска група Хамас. Според Одбранбените сили (ИДФ), нивните акции биле одговор на кршење на договорот за прекин на огнот.

Во израелските напади загинаа шест лица во градот Газа и пет, меѓу кои и две деца, во областа на градот Кан Јунис, во јужниот дел од појасот, соопшти Цивилната одбрана на Газа, организација за прва помош што работи под водство на Хамас.

Израелската војска објави дека „неколку терористи отвориле оган во насока на областа каде што (израелските) војници дејствуваат во Кан Јунис“.

Истрелите не повредија никого, но претставуваат „кршење на договорот за прекин на огнот“, се вели во соопштението на израелската војска, додавајќи дека „како одговор, израелската армија почна да напаѓа терористички цели на Хамас низ целиот Појас Газа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен