Во Појасот Газа за 24 часа убиени се 140 луѓе

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа при израелските напади врз Појасот Газа убиени се најмалку 140 луѓе.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ги истражуваат вестите за убиени Палестинци додека чекале храна пред центрите за дистрибуција на помош.

Министерството за здравство вчера соопшти дека откако беше одблокирана дистрибуцијата на хуманитарна помош кон крајот на мај, убиени се 397 Палестинци, кои се обидувале да дојдат до храна, а над 3.000 се повредени.

Зачлени се на нашиот е-билтен