Турските власти приведоа 33 лица осомничени за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, јави денеска државната новинска агенција Анадолија, додавајќи дека полицијата трага по уште 13 лица.
Според агенцијата, полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја покрена антитерористичкото биро на Обвинителството во Истанбул.
Се верува дека осомничените имале за цел да идентификуваат, набљудуваат, нападнат и киднапираат странски државјани кои живеат во Турција како дел од операцијата „меѓународна шпионажа“, пренесе Анадолија без да наведе извори.