Во Турција, два дена по бомбашкиот напад во Анкара, уапсени се 928 лица ширум земјата под сомнение за поврзаност со забранетата Курдиска работничка партија (ПКК).
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека при апсењата повредени се 12 наводни припадници на ПКК. Тој додаде дека постои сомневање дека уапсените поседувале нелегално огнено оружје или дека се поврзани со шверц на оружје.
Јерликаја истакна дека во акцијата запленети се над 840 парчиња оружје.
На 1 октомври пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, едно лице го активира експлозивот што го носеше на него, а другиот беше елиминиран од полицијата. Во нападот полесно беа повредени двајца полицајци. Одговорноста за нападот ја презеде ППК.