Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(Во живо) Денови на медиумска писменост во дигиталните простори

Со конференција „Медиумска писменост во дигиталните простори“, денеска почнува 5. издание на Денови на медиумска писменост 2023.

Мрежата за медиумска писменост во која членува и македонската Медиумска информативна агенција-МИА, од денеска до 31 октомври, под мотото „Брз прст, лажни вести носи“, ќе приреди серија медиумски настани во функција на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

Првиот програмски настан ќе го одржат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Фондацијата Метаморфозис, Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС, со два панела и една работилница, на кои ќе им претходи проекција на документарен филм за петте години Денови на медиумска писменост.

Македонската Медиумска информативна агенција-МИА ќе известува и ќе ги афирмира сите активности на Мрежата за медиумска писменост, а на 27. октомври во Битола, во Бизнис академија Смилевски, ќе приреди посебен стручно-научен прес-агол на тема „Улогата и придонесот на академската заедница за медиумска писменост“.

Деновите на медиумска писменост ќе завршат на 31 октомври со годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост.

Зачлени се на нашиот е-билтен