Во живо: Доживотен затвор – судот ги прогласи за виновни Палевски, Манев, Видевски и Кешишев за убиството на Вања и Панче

Судскиот совет при Основен кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.  

Судот им додели доживотен затвор

Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда, додека, Основното јавно обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, беше ослободен од обвинението.

Проследете го изрекувањето на пресудата во живо

.

Зачлени се на нашиот е-билтен