Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВО ЖИВО) Панел на ЦИВИЛ за македонската зелена агенда со Наумоски и Танеска

Трет панел на Зелен ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

Учесници на панелот се Никола Наумоски, политиколог и Соња Танеска, уредничка на Градска.мк.

Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво, како и на пошироката јавност, но и медиумите, граѓанското општество, па и академската фела. Пост-ковид периодот, економската криза, руската агресија врз Украина, но и чекорите кон ЕУ, ги отворија вратите, не само за креирање стратегии, туку и во инвестирање и имплементирање на проекти што ќе придонесат кон зелената транзиција на земјата.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

На прашањето колку е реална зелената агенда, Соња Танеска, уредничка на Градска.мк одговори дека доколку се споредиме со Словенија, според големина, број на население, ако можела да ги искористи предпристапните фондови на ЕУ, и да се трансформира, како една од најеколошките држави, особено со примерот на главниот град Љубљана, тогаш може и Македонија,

Според мене потребна е воља и стратегија. Ако го земеме градот Скопје зелени агенди, политиката е таа која ги диктира зелените агенди, политиката е таа која го диктира неговиот развој. Пранешниот градоначалник Петре Шилегов воспостави накаква агенда во неговиот мандат во однос на екологија, гасификација, тоа се смени откако дојде Арсовска, којакажа дека и е во фокусот зелената агебда , меѓутоа реалноста е сосема поинаква. Не ја гледаме во целост таа зелена агенда, изгубивме 2 години од нејзиниот мандат, изгубивем многу од таа стратегија, вели Танеска.

Сето тоа се сопре, имам чувство како за инает да  не се искористуваат до максимум тие европски фондови, додава таа.

Според политиколог Никола Наумовски , Зелена агенда може да ја сфатиме како уште една европска фраза која треба да покрие некаков процес во наредните неколку години,

Но зелената агенда е многу повеќе од тоа, тоа е прашање кое Македонија треба да си го одговара без разлика дали сме кандидат за  член во ЕУ,  дури и ЕУ да не е во близина, дури и да се наоѓаме на друг континент.

Зелените прашања се од егзистенцијално значење за секоја земја, за секој град.Прашањата за зелените процеси, прочистувања, инфраструктура, се прашања кои мора да ги одговориме што побрзо. Дополнително тие се измешани со европските процедури, но и со непостоењето на вистинска зелена политичка опција кај нас, нешо што го има како пракса последните 30,40 ,50 години во напредните западни демократии, и кои се „виновни“ што денес ЕУ ги наметнува зелените прашања на кандидатите, потенцира Наумоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен