Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Руските војници убиле деветчлено семејството во окупираната Волноваха откако одбиле да им ја дадат куќата

Руските војници во окупираната Волноваха, Донецка област, влегле во дом и убиле девет цивили, меѓу кои три жени и две деца, на возраст од пет и девет години, објави обвинителството на Донецката област на 30 октомври.

Како што пренесува Кијив индипендент, според прелиминарната истрага, руски војници се приближиле до домот неколку дена претходно и побарале жителите да ја напуштат куќата за да можат да престојуваат таму. Жителите одбиле иако руските војници им се заканувале, а војниците си заминале.

Тие се вратиле на 27 октомври, соопшти Обвинителството и ги застрелале сите девет членови на семејството додека спиеле.

Истрагата сé уште е во тек, соопшти Обвинителството. Доколку бидат прогласени за виновни, одговорните за убиствата би можеле да се соочат со максимална казна доживотен затвор.

Волноваха, лоцирана на околу 65 километри од окупираниот Мариупол и брегот на Црното Море, е окупирана од руските сили веднаш по почетокот на целосната инвазија.

Во март 2022 година имаше тешки борби, предизвикувајќи непотврден број цивилни жртви и оштетувајќи го најголемиот дел од зградите во градот.

Како што пренесува Кијив индипендент, рускиот истражен комитет тврди дека двајца руски војници биле уапсени на 30 октомври во врска со убиството на сите девет членови на едно украинско семејство во окупираната Волноваха, Доњецка област.

Двајцата војници се идентификувани како договорен персонал од Далечниот Исток на Русија, се вели во извештајот.

Соопштението на рускиот Истражен комитет ги потврди основните факти на случајот, имено бројот на загинати, но не ги спомна другите детали за убиствата наведени во украинскиот извештај.

Русија постојано негираше дека нејзините сили вршат злосторства во Украина.

Руски војник призна дека убил украински цивил во регионот на Кијив на почетокот на целосната инвазија и беше уапсен од руските власти – не за убиството, туку за ширење „лажни вести“ за војната. Во извештајот на сибирскиот сервис на Радио Слободна Европа/Радио Слобода во март 2023 година се вели дека судот во рускиот град Хабаровск му одредил на војникот условна казна од 5,5 години.

Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново