Втор пасош без мака: Овие 6 земји нудат најлесен пат до државјанство

Вториот пасош повеќе не е резервиран за елитата или долгите бирократски процеси. Од инвестиции во недвижнини до државјанство по потекло, некои земји нудат изненадувачки лесни начини за добивање државјанство, а некои дури и овозможуваат брз пристап до патување без виза низ целиот свет.

Во свет каде што патувањето без виза, деловната флексибилност и личната безбедност стануваат сè поважни, интересот за добивање второ државјанство постојано расте.

Иако процесот на промена на пасош често се смета за долг и комплициран, некои земји нудат значително поедноставни и побрзи патишта до државјанство, да речеме – полесни, преку инвестиции, потекло или пократок период на престој.

Во овој случај, „лесно“ значи дека можете да се квалификувате за државјанство само со купување недвижен имот со одредена вредност, се разбира, ако имате таков капитал на располагање.

За оние кои бараат втор пасош, подобро патување без виза или нов почеток, овие земји нудат најлесни патишта до државјанство.

Без разлика дали преку инвестиции, потекло или престој, следните земји имаат поедноставени процедури за странски државјани кои сакаат да го стекнат своето државјанство.

Доминика

Доминика има една од најповолните програми за „државјанство преку инвестиција“ во светот.

Странските државјани можат да добијат пасош на оваа карипска земја преку минимална инвестиција во Фондот за економска диверзификација или купување недвижен имот, а целиот процес може да трае само неколку месеци.

Државјанството на Доминика овозможува патување без виза во повеќе од 140 земји, вклучувајќи ги и земјите од Шенген зоната. Не е потребен престој, а дозволено е двојно државјанство, што ја прави оваа програма идеална за поголема глобална мобилност.

Ирска

Ако имате ирско потекло, може да имате право на државјанство преку потекло.

Ирска дозволува стекнување државјанство ако еден од родителите е роден во Ирска, но и ако баба или дедо е роден во таа земја – со задолжителна регистрација во Регистарот на странски раѓања.

Ирскиот пасош носи државјанство на Европската Унија и слободно движење во рамките на ЕУ. Дозволено е двојно државјанство, а полагањето тест за јазик не е потребно.

Турција

Турското државјанство може да се добие со директна инвестиција.

Со купување недвижен имот во вредност од најмалку 400.000 долари, можно е да се добие пасош во рок од неколку месеци.

Програмата не бара постојан престој во Турција или откажување од постоечкото државјанство. Носителите на турски пасош имаат пристап без виза или виза по пристигнување во сè поголем број земји, а Турција активно преговара за нови договори за понатамошно проширување на патните бенефиции.

Португалија

Португалската „златна виза“ е една од најпопуларните програми во Европската Унија.

Нуди пат до државјанство по пет години легален престој, под услов апликантот да ги исполнува сите услови, вклучително и положување на основен испит за португалски јазик.

Преку инвестиции во фондови за ризичен капитал или недвижнини, Португалија нуди флексибилни опции за стекнување државјанство на ЕУ. Двојните државјани уживаат патување без виза и бесплатен пристап до Шенген зоната.

Вануату

Државјанството на Вануату се доделува преку програмата за поддршка на развојот, а процесот е исклучително брз – пасош може да се добие за помалку од два месеци со минимална инвестиција во владини средства.

Пацифичката нација нуди безвизен пристап до повеќе од 100 земји и не наплаќа данок на капитална добивка или данок на странски заработен приход, што ја прави привлечна за оние кои бараат брзо добивање државјанство со минимални обврски.

Италија

Италијанското државјанство по потекло сега е претежно ограничено на луѓе кои имаат родител или баба или дедо роден во Италија. Законот усвоен во 2025 година ја укина можноста за стекнување државјанство преку прабаба или прадедо или далечни предци.

Апликантите мора да достават документација со која се докажува директна семејна врска со италијански предок, вклучувајќи извод од матична книга на родени, како и документи за брак и натурализација кои ја следат семејната линија.

Откако ќе се добие, италијанското државјанство носи целосни права во Европската Унија, патување без виза и можност за пренесување на државјанство на деца родени во странство. Нема ограничување за бројот на државјанства што едно лице може да ги поседува и не е потребен јазичен тест за барања засновани на потекло.

Иако овие програми често се претставуваат како „најлесни“ начини за стекнување државјанство, важно е да се има предвид дека секоја од нив носи свои услови, трошоци и законски обврски.

Внимателното информирање, проверката за законски измени и долгорочното планирање се клучни чекори пред да се одлучи за втор пасош, кој може да отвори многу врати, но бара одговорен пристап.

Зачлени се на нашиот е-билтен