Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучевиќ: Очекувам во наредните денови некои луѓе да сносат политичка одговорност за несреќата во Нови Сад

„Очекувам дека во наредните денови уште некои луѓе да сносат политичка одговорност за тоа што се случи во Нови Сад. Станува збор за луѓе кои се членови на претседателството и на извршната власт, очекувам уште оставки“, рече премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, по состанокот на Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија (СНС).

Тој синоќа изјави дека должност и одговорност на владата е да не дозволи атмосферата на анархија да се прошири од социјалните мрежи на улиците, пренесе Бета.

„Многу граѓани се разочарани и исплашени. Некои се дури и лути. Но, тоа не значи дека треба да си ја урнеме куќата, да ја запалиме“, рече Вучевиќ, кој е и претседател на СНС.

Зачлени се на нашиот е-билтен