Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За талибанците е неприфатлива одлуката на Пакистан за протерување на авганистански бегалци

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид денеска изјави дека заканата на Исламабад за присилно протерување на авганистанските мигранти е „неприфатлива“.
Однесувањето на Пакистан кон авганистанските бегалци е неприфатливо, напиша Муџахид на социјалната мрежа Х.

Се проценува дека 1,73 милиони Авганистанци живеат во Пакистан без правен статус, а привремената пакистанска Влада вчера им нареди да ја напуштат земјата до 1 ноември или ќе се соочат со принудна депортација.

За да ја оправда одлуката, пакистанскиот министер за внатрешни работи Сарфраз Бугти наведе дека авганистански државјани извршиле 14 од 24-те самоубиствени напади во Пакистан оваа година. 
Портпаролот на талибанците го негира тврдењето.

– Пакистанската страна треба да го преиспита својот план. Авганистанските бегалци не се вклучени во безбедносните проблеми на Пакистан. Се додека тие доброволно го напуштаат Пакистан, земјата треба да ги толерира, посочи Муџахид.

Ултиматумот на Пакистан до мигрантите, од кои повеќето со години живеат во земјата, уследи по состанокот на цивилните и воените лидери по двата самоубиствени бомбашки напади извршени на 29 септември при штозагинаа најмалку 57 лица.

Бугти посочи дека дека едниот бомбаш самоубиец бил авганистански државјанин и ја обвини Индиската разузнавачка агенција за вмешаност.

Односите меѓу талибанците и пакистанската влада значително се влошија, при што граничните судири привремено ја запреа главната трговска рута меѓу соседите во септември.

Исламабад тврди дека милитантите го користат Авганистан за да обучуваат борци и да планираат напади во Пакистан. Талибанците ги негираат обвинувањата и тврдат дека безбедносните проблеми на Пакистан се внатрешна работа.

Привремената влада на Пакистан беше формирана во август и ќе ја води земјата до пресојните изборите. 

Зачлени се на нашиот е-билтен