Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев: „Отворен Балкан“ има неспорни резултати, напуштање на регионалната соработка може да поттикне национализам

Поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, којшто заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, е еден од основачите на Отворен Балкан (ОБ), изјави за денешната „Политика“ дека никој не може да ги оспори резултатите од иницијативата „Отворен Балкан“ и дека заговарањето политика на напуштање на регионалната соработка може да поттикне национализам, па дури и нови конфликти на Балканот, јави дописникот на МИА од Белград.

Заев истакна дека за само две години биле најавени многу проекти и дека е многу задоволен што добар дел од нив заживеале.

-Тоа се многу значајни компании кои опфаќаат повеќе од 70 проценти од македонското и албанското население во Северна Македонија, што го оправдува постоењето на иницијативата ОБ, нагласи Заев за „Политика“.

Осврнувајќи се на изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој се заложи за излез на земјата од Иницијативата, тој оцени дека Османи не може да го негира заминувањето на туристи од Северна Македонија и Србија на одмор во Албанија на Јадранското Море, ниту дека тони македонско и албанско вино добија нови извозни пласмани, ниту пак дека албанските, македонските и српските транспортни камиони сега полесно ги минуваат границите.

-Не може да се негира дека „паднаа“ работните дозволи за граѓаните на земјите-членки, ниту дека деловниот свет во Македонија бара повеќе проекти од Отворениот Балкан, а не се откажува од таа иницијатива, посочи Заев за денешна „Политика“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен