– Четири лица загинаа, а 92 се повредени во руските ракетни напади утринава врз Киев, Киевската област и Харков, соопшти претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Тој на Твитер напиша дека повеќе од 500 спасувачи и членови на итната помош продолжуваат да работат на местата кои биле цел на нападот.
Според Зеленски, од 31 декември Русија истрелала 170 дронови „Шахед“ и десетици проектили од различен тип кон Украина, а „апсолутното мнозинство од нив биле насочени кон цивилната инфраструктура“.