Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјотрес од 6,3 степени според Рихтер го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот бил во планинскиот регион Хинду Куш на длабочина од 188 километри на 41 километар од градот Јурм, посочуваат од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Засега нема извештаи за жртви и причинета материјална штета. 

Зачлени се на нашиот е-билтен