Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјотресите ќе ги нормализираат дипломатските односи меѓу Турција и Ерменија?

Турскиот и ерменскиот министер за надворешни работи изразија надеж дека нивното неодамнешно зближување со помошта по земјотресите во Турција ќе ја забрза планираната нормализација на дипломатските односи меѓу двете соседни земји.

-Ерменија ни подаде рака на пријателство во овој тежок момент, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на денешната заедничка прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.

Додека Мирзојан наведе дека со неговата посета на Турција сака да ја потврди ерменската желба за повторно изградување на мир.

Чавушоглу и Мирзојан истакнаа дека нивните влади се подготвени целосно да ги обноват врските, вклучително и со отворање на границата. Но, не прецизираа датум.

Односите меѓу двата соседа се затегнати со децении поради голем број прашања, вклучително и судирите меѓу Ерменија и турскиот сојузник Азербејџан.

Минатата недела Турција го отвори граничен премин со Ерменија првпат по 30 години за да дозволи транспорт на помош за земјотресот. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен