Американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Тој на својата социјална мрежа „Truth social“ напиша дека „знае каде е и дека трпението му е при крај“.
„Ние ја знаеме точната локација каде се крие таканаречениот „врховен водач“. Тој е лесна мета, таму е безбеден – но сè уште нема да го убиеме.
Сепак, не сакаме проектилите да погодат цивили или американски војници. Нашето трпение е при крај, ви благодариме за вниманието“, рече Трамп.
Само две минути подоцна, Трамп повторно зборуваше и напиша дека Иран треба да се предаде. Тој веќе зборуваше за тоа претходно во текот на денот кога се обрати на печатот по непланираното напуштање на Самитот на Г7 во Канада кога ги откри условите за предавање на Иран.
„Немам желба да преговарам со Иран. Не очекувам ништо помалку од тоа да се предадат.
Ако сакаат да разговараат, знаат како да стигнат до мене. „Требаше да го прифатат предлогот што беше на маса, ќе спасеа многу животи“, изјави Трамп претходно денеска.
Да потсетиме, Иран и Израел влегоа во директен конфликт во четвртокот, на 12 јуни. Во првиот ракетен напад, Израел ги таргетираше иранските нуклеарни постројки, воените капацитети и уби неколку важни нуклеарни научници кои го водеа проектот за развој на иранската нуклеарна програма.