Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зошто европските вредности успеваат на западниот Отворен Балкан, а не на источна Стара Планина?

Сметам дека дури ни иницијаторите и лидерите на Отворен Балкан Вучиќ, Рама и Заев не беа свесни какви придобивки ќе донесе оваа иницијатива за граѓаните во земјите западно од источната Стара Планина, односно Балкан.

Претседателот на Србија Вучиќ, премиерот на Албанија Рама и тогашниот претеседател на Владата на Северна Македонија Заев покренаа процеси за поблиско поврзување на овие земји кои ќе се базираат врз четири европски принципи – слобода на движење на стоки, капитал, услуги и луѓе, со амбиција граѓаните меѓусебните граници да ги поминуваат само со лична карта.

Уште тогаш во Нови Сад Вучиќ, Рама и Заев категорично изјавија дека иако целата иницијатива почива на моделот на ЕУ, иницијативата за единствен пазар и поврзан регион без гранници не значи откажување од членството во европското семејствио, туку напротив, концептот за една нова соработка ќе го забрза патот кон полноправно членство.

Што се случи во меѓувреме? Подготовката на теренот за остварување на целите на Отворен Балкан, засновани на европските вредности како што се почитување на достоинството на другиот, слободата и демократијата, еднаквоста и владеењето на правото, како и почитувањето на фундаменталните човекови права кои го вклучуваат и правото на националната определба, ги издигнаа довербата, пријателството и заедничките иницијативи до тој степен што лидерите на Албанија, Србија и Северна Македонија изјавија дека трите земји се пример за пријателство и соработка.

Односите никогаш не биле подобри, имаме заедничка европска иднина“, стана редовна изјава лидерите на Отворен Балкан на самитите на иницијативата.

Стана сосема јасно дека иницијативата Отворен Балкан е заложба за стабилен регион, за владеење на мирот, за соработка и за економски развој. За подобар живот на народите во регионот.

Нашата политичка цел е јасна и единствена, Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија. Местото на секоја земја од регионот е во Европската Унија. По тој пат одиме. Заедно се европеизираме. Земјите од Западниот Балкан се тесно поврзани. Кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи. Европски е да се помагаме, а не да се кочиме и блокираме, истакна македонскиот премиер Ковачевски на еден од самитите на Отворен Балкан.

Она што исто така треба да се има предвид многу сериозно е единството на трите земји од ризикот на влијание и на трети страни во регионот и согласноста дека геостратегиската празнина во регионот не е опција, како и заедничкиот дека Отворен Балкан е сериозна брана за тие влијанија како автохтона, органска иницијатива, силно поддржана од сите народи во регионот.

Апсолутно значајна е и поддршката на граѓаните за Отворен Балкан и за придобивките од оваа иницијатива. Според резултатите од анкетата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ Отворен Балкан ужива поддршка на 67 отсто од населението, 16 отсто немаат конкретен став, а само 17 отсто не ја подржуваат оваа иницијатива.

Она што е интересно е што растот на поддршката за оваа иницијатива од година в година расте, и тоа секако влијае и на билатераланите односи меѓу земјите од Отворен Балкан, но и на односите со другите земји од регионот.

Ако се анализираат односите со соседите, Србија е првиот избор на граѓаните во нашата земја, по што следува Албанија, а потоа и Косово од земјите во регионот.

Последен избор е Бугарија

Нема никакво сомневање дека пиозиционирањето на Бугарија на последното место се должи на политичките спорови од актуелниот период, но и од минатото, како и заради слабостите во градењетио доверба или блискост.

Споредено со придобивките од Отворен Балкан на овој план, може да се каже дека иницијативата и новите страници во македонско-бугарските односи што ги иницираа премиерите Ковачевски и Петков ветуваа многу, но беа брутално опструирани од политичките сили и центрите на моќ кои не сакаа и на источната страна на Стара Планина (Балкан) да се надминат историските разлики и спорови.

Првите удари врз овој процес инициран во јануари 2022 година, дојдоа со серијата отворања на бугарските клубови во Северна Македонија, кон кои подоцна им се придружија и екстремните националстички настапи на неколкумина бугарски политичари, по што следуваа и слични, испровоцирани настани и од македонска страна.

Овие настани го блокираа моментумот кој беше постигнат со ентузијастичката иницијатива на премиерите Ковачевски и Петков и го навестија она на што предупреди шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, кој навести дека „ова ќе се претвори во замрзнат конфликт кој ќе трае со години, со сите последици што ќе произлезат од нашите односи, нашата внатрешна политика и можностите за регионот“.

Сепак, колку и да изгледа безнадежно во овој момент, она од што треба да се воздржат сите одговорни во овој процес се изјавите и настапите кои можат дополнително да ги влошат односите меѓу двете земји и да се изолираат сите останати кои настапуваат од националстички и шовинистички позиции.

Замрзнување на конфликот секако не смее да биде опција, а моделот според кој треба да се бараат излезните решенија може да биде она што го движеше Отворен Балкан со кој политиките на конфликти се заменија со политики за градење доверба, соработка и пријателство, со поглед кон иднината наместо кон минатото.

Извор: CivilMedia

Зачлени се на нашиот е-билтен