Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Придобивките од Планот за раст на ЕУ надминуваат мандат на една Влада, сите имаме одговорност за негова реализирација

„Клучна е одговорноста. Секој политички субјект без разлика дали е власт или опозиција има одговорност. Овие реформски планови надминуваат една Влада. Второ, бараат дел од нив и тоа како 2/3 поддршка и ако некој блокира тој ќе биде одговорен затоа што државата нема да добие конкретна финансиска помош или конкретни проекти“, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ во подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата.

Маричиќ, кој во овој подкаст беше заедно со вицпремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник Фатмир Битиќи и пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, посочи на митот што го шири ВМРО – ДПМНЕ околу Планот за раст ЕУ „ќе ни даде милијарда евра и тие милијарда евра да ги потрошиме како и за што сакаме, за да економски заздравиме и да продолжиме понатаму со реформите“.

„Тоа е затоа што незнаат и немаат план за ЕУ, а Планот за раст е многу повеќе од тоа. Има политички димензии, има и димензии на човечки капитал, зелена агенда, управување со јавната администрација, дигитализација, и владеењето на право. И економија и владеење на право и соц.политика и образование. Повеќе аспекти за кои, ние како Влада поднесовме Реформска агенда со точно утврдени реформски проекти и агенда за нивно спроведување“.

Маричиќ уште дополни Владата на Северна македонија е иницијатор за идејата за Планот за раст со цел Европската комисија да ни даде конкретни придобивки за граѓаните уште пред да станеме членки на ЕУ.

„Со нашиот 4 годишен реформски план започнуваме со реализација на сериозни реформи до 2027 година, со сериозна финансиска помош која ќе биде расчленета на секои 6 месеци согласно учинокот од спроведување на реформите и спроведување на конкретни и зрели проекти кои ќе бидат корисни за граѓаните. Нашата Реформска агенда поднесена до ЕК ги опфаќа областите, администрација, дигитална и енергетска транзиција и зелена, деловно опркужување и владеење на право. Вкупно околу 80 мерки“, посочи Маричиќ во подкастот посветен на Планот за раст.

Маричиќ уште додполни дека е постигнаата главната цел за да се разбијат митовите околу тоа како функционира планот за раст и целата тој систем на европски реформи.

„Нема простор за импровизации во ЕУ интеграциите. Тоа се планови и конкретни работи кои се врзани и со рокови а не можат да бидат празни ветувања, се бара силен ангажман. Без импровазации и со искрен пристап кон политиките. Ние немаме веќе време ниту за чекање ниту за губење. Потребен сериозен ангажман од сите луѓе во општеството. Овој процес не зависи ниту од една Влада ниту од еден човек, зависи од сите граѓани. Нашата иднина е европска и од нејзе нема да се откажеме“, потенцираше вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ во подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира