Комисијата на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници денеска ја одржа првата конституивна седница.
Со Комисијата претседаваше пратеникот Талат Џафери. За успешноста на работата на Комисијата, членовите донесоа заклучок до Владата да се достави „Барање за доставување на Акцискиот план за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт“.
Како што рече Џафери, Владата има рок до 15 декември да го достави овој Акциски план до Собранието.
Потпретседател на Комисијата на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници е Муса Џафери. Членови се пратениците Антонијо Милошоски, Александар Велјановски, Драган Ковачки, Ѓорѓија Сајкоски, Дафина Стојаноска, Драган Недељковиќ, Салим Сулејмани, Илир Демири, Сали Мурати, Миле Цеков, Фатмир Битиќи, Соња Мираковска, а заменик-членови пратениците Ели Панова, Мевмед Џафери, Бојан Стојаноски, Благица Ласовска, Игор Здравковски, Малиша Станковиќ, Имрлије Салиу-Фетаи, Елми Азири, Илир Хасани, Даниел Стојчевски, Борче Цветков и Моника Зајкова.