Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Професорите од УКИМ побараа повеќе пари за научни проекти

 „Науката и технологијата може да го трансформираат општеството, да ги решат предизвиците и со тоа да овозможат подобар живот за секој граѓанин. Затоа е  потребно заедничка посветеност од академската заедница, од индустријата и од Владата. Знаеме дека секој денар вложен во истражување има потенцијал за повеќекратен поврат преку враќање на средства во државниот буџет преку зајакнување и конкурентна економија.“ – рече универзитетскиот професор,  Димитар Трајанов од факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на денешното доделување на награди за најдобри научници по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, при УКИМ.

Професорите нагласија дека Македонија е земја со значаен потенцијал, но дека сите знаеме оти, нашата држава недоволно вложува во истражувачките активности и недоволно ги користи резултатите од истражувањата што претставува значајна пречка за напредок и развој.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Билјана Ангеловска, денеска по повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, ги додели наградите за најдобри научници и уметник на годината во повеќе научно-истражувачки подрачја. 

Меѓу наградените универзитетски професори за најдобар научник се и професорите Александар Стојков, Даниел Галинов, Андреј Николовски, Александар Узунов, додека пак, во категоријата најдобар уметник на годината на професорката од Драмскиот факултет во Скопје, Зоја Бузалковска.

Зачлени се на нашиот е-билтен