Навивачката група Комити Скопје, која преку здружението „35 години Вардарци Скопе“ поседува 15% од акциите на ФК Вардар, ја извести членството, како и целокупната јавност, дека нивни претставници учествувале на Собранието на акционери на клуботе, а со цел избор на нови членови во одборот на директори.
На Собранието беа избрани вкупно пет членови во одборот на директори, меѓу кои еден претставник на здружението ,,35 години Вардарци Скопје” кој беше избран едногласно.
Во објавата на социјалните мрежи Комити Скопје соопштија дека „во однос на предлогот на мнозинскиот акционер, за извршен директор да биде именувано лицето Миленко Неделковски, Здружението се изјасни против, поради тоа што сметаме дека лицето Миленко Неделковски не поседува карактерен и морален капацитет, ниту пак поседува компетенции и визија кои се содветни за носител на така одговорна функција во национален и народен бренд каков што е ФК Вардар.
Во однос на останатите предлози на мнозинскиот акционер, информираат комитите, Здружението се изјасни воздржано поради тоа што не е запознаено со квалитетите и визијата на предложените членови за одборот на директори.
Претставникот на Здружението побара на следното собрание да се отвори дискусија за измени и дополни на статутот на клубот, односно официјално и формално во статутот на клубот, покрај логото на клубот, да биде прифатен и официјален слоган кој ќе гласи „Вардар – клуб на народот“.
Дополнително, малцинскиот акционери апелираал до новите членови на одборот на директори предложени од страна на мнозинскиот акционер, доследно да се придржуваат до обврските од Договорот за дар помеѓу Атила Бижен Жилали и Здружение Вардарци од 06.09.2024 год. заведен под УЗП 6630/2024 кај Нотар Дејан Павловски од Скопје.
Комити Скопје нагласуваат дека со ова сакаат да упатат јасна порака дека борбата за клубот не завршува, баш напротив, истата мора да продолжи со уште посилно темпо, како во структурите на клубот, така и на трибина.