Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов апел до граѓаните од министерот Тошковски: Сменете ги возачките со новото уставно име

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска со нов апел до граѓаните. Тој ги повика, да ги сменат возачките со новото уставно име. Првиот полицаец, Тошковски, апелот го упати при посетата на Одделенинето за персонализација во МВР, каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.

„Граѓаните да го искористат претстојниот период за да ги сменат возачките дозволи со новото уставно име согласно Законот за безбедност во сообраќајот. Да го искористат престојниот период и што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола, бидејќи старите возачки дозволи според Законот ќе важат заклучно со 31 декември годинава“, рече Тошковски.

Зачлени се на нашиот е-билтен