Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филмаџиите до Љутков: Корегирајте го буџетот за 2025 година, загрозено е филмското творештво

Во период кога се носи Буџетот за следната 2025 година, со отворено писмо до министерот за култура Зоран Љутков, се обратија од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Тие алармираат дека висината на буџетот за следната година не само што не е зголемен, туку е и намален во однос на буџетот за 2024 година.

„Во време кога филмските професионалци се во немилост и страдаат за елементарна егзистенција, а филмските продукции бараат алтернативни начини да опстанат, дојде и информацијата дека во предложениот буџет за 2025та година, ставката за филм изнесува само 2.4 милиони евра, бројка која е пониска и од основниот буџет за 2024 година. Оваа вест, секој еден филмаџија ја дочекува во шок и неверување.

Во изминатите неколку години ДФРМ многупати јавно укажуваше дека е потребно стандардизирање на буџетот за филм по претходно утврдени параметри, а особено во текот на 2023 година во неколку наврати алармираше дека проектираниот буџет од страна на Министерството за култура за филмската дејност за 2024 година, не е доволен за елементарно да се покријат потребите на нашата кинематографија“, велат од ДФРМ.

Во писмото, македонските филмаџии се осврнуваат и на лошата состојба со Агенцијата за филм.
„Во момент кога сме длабоко навлезени во четвртиот месец од мандатот на в.д директорката на Агенцијата за филм, период во кој снимања речиси и да нема, не е потпишан ниту еден договор за финансирање на веќе одобрени проекти, не е прегледан ниту еден извештај за наменско трошење на средства, исплатите кон тековни и веќе реализирани проекти се стопирани и во кој годинешниот конкурс за производство на филмови е поништен, радоста исчезна, а одржувањето на надежта стана невозможно.

Македонските продуценти секојдневно се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува да биде дел од европското филмско семејство. Загрозено е и нашето членство во значајни регионални, европски и светски организации и асоцијации“, се наведува во писмото.

Зачлени се на нашиот е-билтен