Естонија одлучи да обезбеди различни видови на муниција, униформи, уреди за надзор и заштитна опрема за Украина, соопшти нивното министерство за одбрана.
Не открија повеќе детали околу количината или вредноста на дополнителната воена опрема, но пакетот ќе биде составен од резервите, земајќи ги предвид потребите на Украина, без да се загрозат одбранбените способности на Естонија, соопшти Министерството.
„Наскоро ќе поминат 1.000 дена во кои Украина успеа да ја одбрани својата слобода од моќниот агресор, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. На Украина сè уште и е потребна помош од Естонија и слободниот свет за да се заштити“
Украина се бори против целосната инвазија на Русија повеќе од две и пол години со помош на Западот.
Естонија, која граничи со Русија, е еден од најверните поддржувачи на Украина.