Брутално претепана жена вечерва примена во Ургентниот центар во Скопје

брутално претепана

Брутално претепана жена со сериозни повреди и деформирано лице од бројни удари вечерва е примена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објави „Слободен печат“.

Медиумот, повикувајќи се на два извора, известува за исклучително лошата состојба во која била примена пациентката.

Засега нема официјални информации за околностите под кои се случило насилството, за сторителот, ниту за тоа дали жената претходно пријавувала насилство.

Веста доаѓа само два дена по протестот против насилството врз жените во Скопје, на кој граѓаните побараа институционална одговорност, навремена заштита на жртвите и ефикасно постапување по пријавите за насилство.

Во меѓувреме, предложените измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство сè уште чекаат собраниска расправа.

Се очекуваат официјални информации од надлежните институции за вечерашниот случај.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?