Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Актерот Рефет Абази со неговиот роман „Чиј беше Јон“ пред софиската публика

На 4 април (вторник) 2023 во Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази, која излезе во превод на бугарски јазик. „Чиј беше Јон“ е издание на КВЦ, а ќе ја промовира Красимира Цонева.

-Роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност. Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности. Длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси, се вели во рецензијата на книжевното дело на Абази.

Сторијата говори за Јон, дете на седумгодишна возраст, и молњата што поминува низ него. Таа случка му дава необични способности – може да гледа работи со кои ќе се сретне години подоцна. Момчето се претвора во млад човек кој ќе ги доживее своите први љубовни трепети, а подоцна мора да стане сопруг и татко…

Рефет Абази (Тетово, 1964 година) е македонски актер, писател, драматург и педагог. Носител е на многу награди како театарски актер, а има и незаборавни филмски улоги.

Рефет Абази на Биеналето во Венеција

Ја играше главната улога во The Forgiveness of Blood (Крвта што простува), во режија на Џошуа Марстон, што освои „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година, потоа во „Вера сонува за морето“ (учество во програмата „Панорама“ на Филмскиот фестивал во Венеција 2021), како и забележителната улога во популарниот ТВ серијал „Беса“.

Со Арбен Барјактарај во „Беса“

Абази е автор на два романи и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност има едуцирано многу актерски генерации, кои моментално играат на театарските сцени во Северна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен