Се асфалтира улицата во Езерски Лозја, добива и велосипедска патека

Почна асфалтирањето на улицата во Езерски Лозја во Струга, на потегот од автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска во Охридското Езеро.

Проектот опфаќа реконструкција на 700 метри од постојната сообраќајница. Паралелно се градат пешачка и велосипедска патека, секоја со широчина од по три метри.

Со зафатот треба да се подобрат условите за движење на пешаците и велосипедистите во овој дел од крајбрежјето, како и безбедноста на локалниот сообраќај.

Реконструкцијата беше најавена уште на почетокот на годинава, кога претставници на Општина Струга, Министерството за транспорт и проектната единица извршија увид на трасата и ги утврдуваа условите за почеток на градежните работи.

Проектот се реализира во рамките на Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project, кој во Македонија го спроведува Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска банка. Проектот има поширока цел за подобрување на транспортната ефикасност и инфраструктурата.

Општина Струга е вклучена во реализацијата на локалниот зафат.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?