Две финансиски друштва во следните 30 дена нема да смеат да одобруваат нови кредити, а добиле и парични глоби по вонреден надзор на Министерството за финансии. Контролите биле спроведени во последните три месеци, по пријави од граѓани.
Во објавената информација не се наведени имињата на санкционираните друштва, конкретните неправилности, ниту износите на новоизречените казни.
Од Министерството соопштија дека од јули 2024 година досега одзеле четири дозволи за работа, привремено затвориле три финансиски друштва и казниле 18 друштва со вкупно 3.040.323 денари, односно околу 49.400 евра. Издадени се и 58 писмени наредби за отстранување неправилности.
Надлежните ги повикуваат граѓаните што сметаат дека се оштетени да достават пријава до Министерството. Надзорот, како што најавуваат, ќе продолжи преку непосредни контроли и следење на работењето.
