[ВИДЕО] Санчез како аниме-херој во борба со мечеви против Феихоо, Абаскал и едно многу познато триглаво чудовиште

Санчез

Технологијата и социјалните мрежи прават уште еден чекор во кампањата за општите избори на 29 ноември во Шпанија. Најновата новина – иако не доаѓа директно од тимот на Социјалистичката партија – е видео-спот во кој Педро Санчез се претвора во аниме херој. Видеото, кое трае нешто помалку од четири минути, ја претвора политичката и личната кариера на актуелниот шеф на владата во јапонска анимирана авантура, исполнета со кошарка, познати ликови, мечеви, натприродни моќи и чудовишта.

Приказната започнува на теренот на „Естудијантес“, каде што Санчез играл во младоста, и прави преглед на неговата политичка кариера, вклучувајќи референци како неговото „Не значи – Не“ упатено до Рахој, или неговите патувања низ Шпанија.

Во завршниот дел, видеото се оддалечува од биографскиот приказ и ги презема карактеристиките на акциона авантура. Санчез најпрво се соочува со Алберто Нуњез Феихоо и Сантијаго Абаскал во низа борби со мечеви, скокови и движења типични за аниме жанрот. Овој приказ ја претвора шпанската политичка конфронтација во фантазиска битка. Потоа, Санчез се бори против триглаво чудовиште, чии глави се ликовите на Бенјамин Нетанјаху, Доналд Трамп и Хавиер Милеи.

Во спотот се појавуваат и личности од меѓународната културна и политичка сцена. Педро Алмодовар се појавува држејќи роза, додека бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва му фрла шапка. Приказната комбинира биографски детали, општествени барања и фантазиски сцени, создавајќи епски приказ на кариерата на социјалистичкиот лидер.

Видеото завршува со изборна порака до гледачите: „На 29 ноември, нека се слушне вашиот глас. Гласајте за PSOE. Силата на народот“.

Иако, повторно, видеото не е нарачка на Социјалистичката партија нна Шпанија, пораките во него се целосно лево ориенторани почнувајќи од розата која е симбол на социјалистите, која во пресуден момен пред да почнат борбите доаѓа од народот и се претвора во меч со која Санчез ги победув политичките и идеолошките противници.

Изборот да биде аниме има јасна намера да им се обрати на младите со повик „На 29 ноември да ги наполниме кутиите.

Авторот претходно го претвори и Лула во аниме лик

Автор на видеото е Андре Роча, бразилски аудиовизуелен креатор кој на платформата X се претставува како режисер кој користи вештачка интелигенција и како ентузијаст за популарна култура. Под корисничкото име @ar_portuga, тој споделува свои анимации и видеа на различни социјални мрежи, вклучувајќи ги YouTube, Instagram и TikTok.

Меѓу неговите дела е и аниме во кое главен лик е Луиз Инасио Лула да Силва – анимација што го претвора бразилскиот претседател во акционен херој. Во тоа време, авторот појасни дека видеото за Лула не било нарачано од официјалниот изборен штаб. Во објава на X на 13 ноември, тој наведе дека никој од тој тим не го побарал за тоа и дека го сторил тоа на своја иницијатива, со цел да ги охрабри младите да гласаат.

Објавата на X, во која тој го споделува спотот во кој Санчез е прикажан како аниме-херој, е пропратена со следниов текст: „Го претворив враќањето на Педро Санчез во аниме: оставката во 2016 година, патувањето низ Шпанија и камбекот благодарение на гласовите на верните поддржувачи на партијата. На 29 ноември, излезете на гласање. На 29 ноември, излезете на гласање! Тука остануваме! Силата на народот!“

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?