„Овде почиваат телата на 59 жртви на институциите“, пишува на „гробот“ пред МВР, што денеска го поставија активистите на граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“, кои го организираа протестниот марш кој започна пред Собранието и заврши пред седиштето на Министерството за внатрешни работи.
Во пораките испратени пред МВР, активистките го посочија ова министерство како една од слабите алки во системот на институциите, одговори за погубниот биланс на семејното и родовото насилство во Македонија, кога само во оваа година беа извршени 7 фемициди, убиства на жени.
Претходно, активистките на граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ пред Собранието испратијасилни пораки.
„Ова е против институциитее кои цела година молчат, а денеска на денот на елимимацијата на насилствоти врз жените слават и се веселат во скапи ресторани и хотели. Нема повеќе изговори, не да дозволиме да закопате уште една жена. Женската борба денес е борба за живот. Продолжува со сите нас и со почит кон сите жени, девојки и девојчиња чии животи беа насилно одземени“, беше истакнато за време на говорите.
На протестот беше искажана и машката солидарност како клучна порака за емпатија за злото што се случува во нашата земја во кој за само една неполна година беа извршени 7 фемициди, убиства на жени.

„Македонија одамна не е добар родител на своите деца. Сите ние сме сираци на сопствената земја, како малиот Исак од „Големата вода“, романот на Живко Чинго, пробуваме да си направиме мајка од тоа што ќе се најде околу наск. Наместо мајка имаме ужасен татко – патријархат. На нашите жени постојано им се одзема животот. Тука емпатијата е клучна. Зар треба да мојата мејка, сестра, другарка да им се случи нешто толку одвратно за јас да сочувствувам со жени“, порача говорникот.

