Од протестот „Ниту една повеќе“: Женската борба денес е борба за живот, Македонија одамна не е добар родител на своите деца

„Ниту една повеќе“

Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ на протестниот марш, којшто започна во Жена парк во Скопје, пред Собранието ги испрати првите силни пораки на активистите.

„Ова е против институциитее кои цела година молчат, а денеска на денот на елимимацијата на насилствоти врз жените слават и се веселат во скапи ресторани и хотели. Нема повеќе изговори, не да дозволиме да закопате уште една жена. Женската борба денес е борба за живот. Продолжува со сите нас и со почит кон сите жени, девојки и девојчиња чии животи беа насилно одземени“, беше истакнато за време на говорите.

На протестот беше искажана и машката солидарност како клучна порака за емпатија за злото што се случува во нашата земја во кој за само една неполна година беа извршени 7 фемициди, убиства на жени.

„Македонија одамна не е добар родител на своите деца. Сите ние сме сираци на сопствената земја, како малиот Исак од „Големата вода“, романот на Живко Чинго, пробуваме да си направиме мајка од тоа што ќе се најде околу наск. Наместо мајка имаме ужасен татко – патријархат. На нашите жени постојано им се одзема животот. Тука емпатијата е клучна. Зар треба да мојата мејка, сестра, другарка да им се случи нешто толку одвратно за јас да сочувствувам со жени“, порача говорникот.

Акттивистите има се обратија на пратениците и ги потсетија дека во нивните фиоки имаат 8 закони за кои беше формирана работна група уште во април оваа година и кои уште не се донесени

„Рокот ви е до 10 декември. Во спротивно ќе го славиме денот на човековите права пред Собрание и нема да се откажеме од малкуте алатки коишто ни останаа да се заштитиме“, беше нагласено на протестот.

Граѓанските организации кои го иницираа протестот денеска соопштија дека одговорноста на Собранието не завршува со одржување надзорна расправа. Механизмите за контрола на извршната власт се активираат само кога јавноста е вознемирена од нов случај на фемицид, но процесите остануваат без епилог. И покрај одржаната надзорна расправа, сè уште не се усвоени заклучоци. Ваквото постапување создава привид на институционална ангажираност, без да доведе до конкретни промени во системот за заштита на жртвите.

„Бараме заклучоците од надзорната расправа да содржат прецизни рокови за постапување на секоја надлежна институција. Заклучоците без рокови ќе останат само на хартија, без можност да го следиме нивното спроведување и да бараме одговорност. Не станува збор само за измени на еден закон, туку за пакет од осум закони чие унапредување е неопходно за воспоставување функционален систем за превенција и заштита од насилство“, се истакнува во соопштението на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост, кои се дел од организаторите на протестниот марш.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?