Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стоилковиќ: Чествувајќи го Денот на албанската азбука ја потврдуваме посветеноста кон соживотот во мултиетничкото и мултијазичното општество

– Овој ден е потсетник за богатството на различностите и за важноста на зачувувањето на јазичните и културните вредности на сите етнички етнички заедници кои живеат во земјава. Потсетник дека РС Македонија и понатаму, и покрај фактот што живееме во едно комплексно време, останува пример за заедништво, почитување и заемно разбирање меѓу граѓаните, па затоа чествувајќи го Денот на албанската азбука уште еднаш ја потврдуваме посветеноста кон негувањето на соживотот во мултиетничкото и мултијазичното општество, итакнува Стоилковиќ. 

Јазикот, како што посочува вицепремиерот Стоилковиќ, е моќна алатка и идентитет на еден народ. 

-Тој е сеопштиот сврзен елемент на сите човечки култури. Алатка која обединува и овозможува напредок, но во исто време и потсетник дека и покрај разликите делиме иста судбина и мораме да градиме заедничка иднина. На сите припадници на албанската заедница им го честитам Денот на албанската азбука, напиша Стоилковиќ во честитката.

Зачлени се на нашиот е-билтен