Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски објави дека со банките е договорена камтна стапка од 1,95%

Мицскоски рече дека со банките е постигнат договор за каматна стапка од 1,95% , до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.

Имаме потврда од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат позади овој проект, односно овие 250 милиони евра конечно од понеделник да бидат поделени до оние на кои им е потребно, односно македонското стопанство.

„Ценам дека ова е исторски договор со историски најниска каматна стапка , рече Мицкоски и додаде дека условите се да се има минимум 20% сопствено учество, што значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра.“, рече Мицскоски.

„Ќе имаат можност сите оние компании кои што ќе ги вложат овие средства во основни средства за работа, но и оние кои ќе вложат во обновливи извори на енергија, но и оние кои ќе вложат во објекти кои ќе ги користат како административни објекти, за сопствена потреба“, додаде Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен