Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Партиската програма на СДСМ, ново лидерство во регионот

Претставувајќи ја новата програма на партијата, на 30. партиски Конгрес, лидерот на СДСМ Венко Филипче, рече дека таа ќе биде темелот за идната социјалдемократска платформа, бидејќи има јасна визија за солидарно, праведно, развиено, стабилно и демократско општество.

Програмата и политиките на СДСМ ќе бидат преточени во конкретни мерки и проекти кои ќе овозможат брзи и видливи резултати за сите граѓани. Образованието, здравството, земјоделството, иновациите и технологијата ќе бидат во фокусот на реформите, за создавање праведна иднина за сите. Во програмата ќе има проекти кои ќе овозможат развиена економија каде трудот е вреднуван, правично распределено богатство, со заштитени права на работниците. Со ваква нова визија, рече лидерот на СДСМ, Филипче партијата го најавува своето лидерство во времето што претстои.

„Нема среќно општество во кое едни живеат како богови, а другите страдаат. Најсилното општество е она што обезбедува еднакви можности за сите свои граѓани“, рече лидерот на СДСМ, при тоа потенцирајќи дека напредокот што се нуди со програмата не е резервиран за одредени групи или привилегирани слоеви.

„Напредокот е за секој граѓанин – за работникот што сака подобри услови, за младите што бараат можности, за земјоделецот што ја храни нацијата, за пензионерот што заслужува достоинствен живот.Сите се раѓаме еднакви, но еднаквите можности ги обезбедува државата.
Филипче рече дека и понатаму стратешката определба на СДСМ останува членството во Европската Унија.
„Членството во ЕУ не е само цел – тоа е нашиот пат кон подобар живот.
Членството во Европската Унија е стратешка определба на СДСМ и клучна алатка за трансформација на Северна Македонија во модерна, праведна и напредна држава”, рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен