Премиерот Христијан Мицкоски пред неполни два дена изјави дека со неколку банки веќе е договорено каматната стапка со која парите од унгарскиот заем ќе им бидат пласирани на компаниите ќе биде 1,95 % и дека тој очекува како што рече, „конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем од понеделник да бидат поделени на македонското стопанство“.
Денеска е понеделник но зсега нема никаква потврда ниту од страна на банките кои ги прифатиле условите, но и ниту од страна на коморите дека парите им се на располагање.
Од Македонската банкараска асоцијација која на почетокот беше вклучена во преговорите нема ни трага ни глас, а ниту од комерцијалните банки кои се согласиле со условите од преговорите со Владата.
Според финасиските експерти сеуште е чудно дека било која банка би прифатиле да дава кредити со каматна стапка од 1,95 како што соопшто премиерот Мицкоски, освен ако немаат искалкулирано скриени трошоци или пак имаат одлука кредитите да ги пласираат само кон компании што имаат добар бонитет и кои и онака им ги нудат како на свои постојани клиенти.
Исто така останува нејсно како народната банка од друга страна ќе го изведе ова со тоа што депозитите можеби ќе треба да ги покачи со комерцијалните банки за да ја регулира монетарната политика