Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница.
Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.
Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.
По изборот за епископ на 20 септември 1981 година бил хиротонисан за архијереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година бил назначен за Митрополит Австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководел до 1995 година, од кога продолжил да раководи со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски.
Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Млаго Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски.
Владиката Тимотеј долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт.