Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОБСЕ: Насилството врз жените е голема бариера за создавање целосна еднаквост во општеството

Истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените кое денеска беше презентирано на јавната расправа насловена како „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, покажа загрижувачки резултати.

„Половина од жените во Македонија искусиле некаков вид на насилство во текот на својот живот, а речиси секоја трета жена била сексуално малтретирана. Низ физичко или сексуално насилство поминале 14 отсто од жените во земјава, а една од 10 жени била жртва на демнење.“, стои во истражувањето.

Амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал, во своето видео обраќање, истакна дека борбата против родово базираното насилство е прашање од највисока важност. Насилството, рече тој, не само што претставува сериозно прекршување на човековите права, туку и е голема бариера за создавање целосна еднаквост во општеството. Затоа, како што нагласи амбасадорот Вал, неопходно е спроведување на сите реформи што произлегуваат од Истанбулската конвенција.

„Иако правната рамка во С Македонија е солидна, законска регулатива за спречување и заштита од насилство врз жените мора целосно да се спроведува за да обезбеди брз одговор и подобра заштита на жртвите“, рече Вал. 

Учесниците на јавната расправа едногласни дека една од причините за нерамноправната положба меѓу жените и мажите се ограничени ресурси на девојките и жените. Според нив загрижувачки се трендовите на постојан пораст на родово базираното насилство, кое неретко завршува и со фемицид. Потради тоа, како што беше речено, потребна е постојана координација и активен пристап на сите надлежни институции и општествени чинители за превениција и борба против семејното насилство. Северна Македонија, како што беше истакнато во рамки на Јавната расправа, како потписник на Инстанбулската конвенција, генерално има добра законска рамка за борба против насилството врз жените и семејното насилство, но треба да се интензивира нејзината  имплементација. 

Со денешната јавна расправа во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Собранието се вклучи и во годинешнава кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која има за цел подигање нa општествената свест, а се реализира во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

На првото наредно продолжение на оваа 4. седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, ќе бидат усвоени соодветни заклучоци од јавната расправа „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“.

Зачлени се на нашиот е-билтен