Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Македонија се одржува дводневна Регионална конференција за јавна администрација

Министерството за јавна администрација од вечерва е домаќин на дводневна конференција на министерско ниво на земјите членки на Западен Балкан, под покровителство на Регионалната конференција за јавна администрација (ReSPA).

Од овој настан се очекува да произлезат заклучоци и стратешки документи за идните реформи во јавната администрација. 

Вечерва се одржува состанок на Управниот одбор на министерско ниво, на министрите од регионот, на кој се очекува да се донесат неколку значајни документи, заклучоци: Годишниот извештај на (ReSPA), кој се однесува на периодот од 18 октомври 2023 до 18 октомври 2024 година, стратешката ориентација која е координирана со европските паретнери за 2025 до 2030 година и Буџетот на конференцијата ReSPA, кој се однесува на 2025 и 2026 година.

На настанот се очекува да биде потпишана или усвоена заедничка изјава на министрите од регионот, во која Македонија ќе ги наведе позициите за евроинтегративниот пат на државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен