Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВМРО-ДПМНЕ ги „сардиса“ еколошките автобуси на СДСМ

Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, за општините со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии од ВМРО-ДПМНЕ, Николче Јанкуловски и од пратениците од неговата партија, на собраниската Комисија за финансирање и буџет, со образложение дека во буџетот има ставка со пари за градски автобуси.

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот, негираше и рече дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, а кое беше и образложението на власта за одбивање на амандманот.

„Основната лекција во креирањето на еден буџет е да има приходна и расходна страна. Ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купиме 120 автобуси, а ги немате предвидено во буџетот. Ги нема ниту 35 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, најавени на владина седница“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната амандманска расправа за Предлог буџетот за 2025 година.

Според Битиќи, шесте еколошки автобуси кои денеска беа промовирани, влезени се во програмите уште пред 5 години.

Зачлени се на нашиот е-билтен