Имаме преголема и пребавна јавна администрација. Во рамки на новите законски решенија, на што работи работна група во Министерството за јавна администрација, ќе понудиме неколку решенија, кои како пилот-проекти ќе се однесуваат на делумно кратење на јавната администрација. Ова денеска го рече министерот за јавна администрација Горан Минчев, на 16. Министерски состанот на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација што се одржува во Скопје.
Најавените законски решенија, поврзани со вработувања и унапредувања во јавната служба, посочи дека се очекува да бидат во валидна процедура до крајот на годината, а во собраниска процедура во јануари идната година.
Со слични ставови е и премиерот Христијан Мицкоски кој се залага за јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, но и за администрација ослободена од партизација што е отворен проблем исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор.
„Се залагам за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста“, вели Мицкоски.
На ваквите заложби на Мицкоски реагира опозициската СДСМ која вели:
„Изјавите на Мицкоски за деполитизирана и професионална администрација се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација, реагира СДСМ.