Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Академик Попов: Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија

Во обраќањето по повод Денот на МАНУ, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на пречките на земјава на патот на зачленување во Европската Унија.  Како што рече, пријателството, спремноста за соработка и отворениот дијалог со сите, а посебно со соседните земји „не секогаш беше возвратено на соодветен начин“.

Сепак, рече, треба да сме свесни дека ние „како мал народ и сиромашна држава“ само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ „може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија за создадените проблеми“.

-Зачувувајќи го притоа културното и историско наследство кое му припаѓа на македонскиот народ како европска вредност. Но, и покрај сите пречки, македонската држава денес е дефинитивна историска реалност со потврден целосен историски идентитет и меѓународен државно-правен легитимитет, којашто на достоинствен начин мора храбро да продолжи по зацртаниот европски пат, додаде претседателот на МАНУ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен