Од СДСМ денеска го повикаа премиерот Христијан Мицкоски да престане со манипулациите и партизирањето на администрацијата. Му порачаа дека граѓаните не веруваат во неговите лаги дека ќе се залага за департизирана администрација. Ваквите тврдења опозициската партија ги оцени како празни фрази, целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада.
„Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност, бидејќи граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација. Денес, администрацијата е претворена во акционерско друштво за вработување на партиските кадри. Наместо компетентни и професионални кадри, за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, кои од квалификации поседуваат само вмровска партиска книшка“, велат во СДСМ.
Според опозициската СДСМ, до сега Владата на Мицкоски има само системски прекршувања на процедурите и тоа со: Поставување на три заменици директори во Царина; Поставување на директор на АНБ спротивно на законот, Поставување на раководители без соодветни квалификации. Со ваквите чекори, сметаат во СДСМ, јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност.
„Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата“, стои во реакцијата на СДСМ во врска со изјавата на Мицкоски.
Премиерот Мицкоски, пак во своето обраќање на настанот, Дајалогот за политики на високо ниво (HLPD) за јавната администрација во Западен Балкан, рече дека има јасна визија за департизација во администрацијата, дигитализација на услугите, намалување на бирократијата.
„Изминатиот период администрацијата се соочуваше со недоволна транспарентност и отчетност, но и партизација која е отворен проблем исто како и недоволната кометентност виза ви приватиот сектор“,
Мицкоски потенцира дека во изминатиот период администрацијата се соочувала со бавни просеси, недостаток на дигитализација, а понекогаш и недоволна транспарентност и отчетност, но и партизација која е отворен проблем исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор.
-Овие проблеми не може да ги игнорираме. Тие се реални, а за нив треба да се најде решение. Нашите цели за реформа опфаќаат дигитализација на услугите, ефикасност и професионалност, транспарентност и отчетност, намалување на бирократијата, вреднување на трудот…