Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мемоарите на Меркел за една недела станаа напродавана книга на годината

Книгата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел „Слобода: Спомени 1954-2021“ од 736 страници беше продадена во повеќе од 200.000 примероци во првата недела, што ја прави најуспешно издание на книга оваа година.

Ова го утврди анализата на Media Control, компанија која ја следи продажбата на книги во Германија и ја составува листата на бестселери на списанието Spiegel.

„Ниту една друга книга немала толку спектакуларен почеток оваа година“, рече Улрике Алтиг, управен директор на Media Control. Таа изјави дека само неколку дена по објавувањето, делото на Меркел, кое го напишала заедно со нејзината долгогодишна доверлива Беате Бауман, ги презела листите на бестселери како најпродавана книга.

Зачлени се на нашиот е-билтен