Протестите во Грузија против одлуката на Владата да ги замрзне преговорите за членство во Европската Унија продолжуваат и покрај жестоките одговори на полицијата врз демонстрантите.
Денес во 15 часот е закажан нов протест на Плоштадот на републиката во Тбилиси, откако синоќешниот протест беше одбележан со напади врз демонстрантите, новинари и опозициски политичари.
Како што објавија медиумите, специјалци во цивилна облека биле инфилтрирани и учествувале во нападите врз демонстрантите.
Протестите траат веќе 10 дена, а демонстрантите бараат оставка од владата и нови избори.
Незадоволството на граѓаните е поттикнато од одлуката на владејачката партија „Грузиски сон“ да ги суспендира преговорите за пристапување кон ЕУ до 2028 година.