Жените се подобри во мултитаскинг?

мултитаскинг жени мажи

Додека следите рецепт, барате телефонски број и се обидувате да завршите уште неколку задачи, некој ви поставува прашање. Дали ќе му одговорите може да влијае врз тоа колку способни за мултитаскинг им изгледате на другите. Во експеримент објавен во списанието Psychological Research, жените почесто одговарале на прашањата додека ги извршувале другите задачи. Во преостанатите четири задачи, истражувачите не забележале статистички значајна разлика меѓу жените и мажите.

Во експериментот учествувале 41 маж и 37 жени. Тие следеле рецепт, барале телефонски броеви, поврзувале бројки со букви и барале одредени зборови на екран. Во меѓувреме, на секои 20 секунди им било поставувано по едно прашање. Од вкупно 28 прашања, жените во просек оставиле неодговорени околу три, а мажите околу осум. Кога одговарале, двете групи биле споредливи по брзината и квалитетот на одговорите.

Во вториот дел од истражувањето, 160 луѓе гледале снимки од експериментот. Ним им се чинело дека жените подобро се снаоѓаат и дека полесно ги држат задачите под контрола. Нивните оценки биле тесно поврзани со тоа како се одвивал разговорот.

Според авторите, ова може да објасни дел од популарното верување дека жените се подобри во мултитаскинг. Кога гледаме некого како извршува неколку задачи одеднаш, еден одговор среде сета таа работа може да ни го обликува впечатокот за целата изведба.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?