Нов вид „слепа змија“ го доби името Марија

„слепа змија“
фото: Miguel Relvas Ugalde

Бразилски научници именуваа нов вид водоземец „слепа змија“ по Марија, една од 11-те поробени луѓе што во 19 век помогнале да се обнови шумата Тижука во Рио де Жанеиро. Од 1861 до 1874 година, тие засадиле повеќе од 100.000 дрвја во шумата што денес е дел од истоимениот национален парк.

Водоземецот го доби научното име Siphonops maria. Поради издолженото тело без нозе и ситните очи покриени со кожа, во Бразил ваквите животни ги нарекуваат „слепи змии“. Овој вид достигнува должина од околу 19 сантиметри, живее под земја и со главата копа тунели.

Примерокот врз кој е опишан видот бил собран во 2015 година во националниот парк Сера дос Оргаос, во државата Рио де Жанеиро. Со генетски анализи и споредба на коските на черепот, истражувачите утврдиле дека станува збор за посебен вид. Научниот труд беше објавен во септември, а бразилската научна агенција FAPESP денеска ја објави приказната зад името.

Името е посветено и на милионите Бразилки што се викаат Марија. „Секој познава по една“, вели првиот автор на студијата, Адријано Оливеира Масиел за новиот вид „слепа змија“.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?