Украина добива 180 илјади парчиња противвоздушна артилериска муниција од Германија

Украина ќе добија уште 180 илјади парчиња противвоздушна артилериска муниција со калибар од 35 мм за противвоздушни самоодни артилериски системи „Гепард“ од германската компанија од индустријата за специјални намени „Рајнметал“.

Како што објави компанијата,во декември 2024 година, Министерството за одбрана на Украина побарало од компанијата испорака на 180.000 парчиња муниција HEI-T (експлозивна запалива муниција со механизам за следење) со калибар од 35 милиметри, пренесува Укринформ, наведувајќи дека вредноста на нарачката е двоцифрена во милиони евра и дека е финансирана од германската Влада.

Оваа муниција може да се користи за ефикасно гаѓање на различни воздушни цели, а со оглед на зголемената побарувачка за муниција со калибар од 35 мм, производната линија во погонот на „Рајнметал“ е реконструирана пролетта 2023 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен